Вчера попладне во СВР Охрид е пријавено дека во хотел во градот, од балкон паднал гостин во хотелот.
Се работи за M.K.(49) од Австрија, кој бил во друштво со С.Ф.В.(40) од Бразил.
„Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, каде му била констатирана тешка телесна повреда“, велат од полицијата.
За настанот е запознаен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување.