Thursday, July 10, 2025
17.8 C
Skopje

АВИОН ЌЕ ГО ГАСНЕ ПОЖАРОТ ШТО ИЗБУВНА КАЈ СМОЛЕВО И СЕ ПРОШИРИ КОН СТРЕЖЕВСКИОТ КАНАЛ И СЕЛОТО БУКОВО

Состојбата на теренот со пожарот во атарот на селото Буково и кон Стрежевскиот канал е стабилизирана, но и натаму постои опасност од негово ширење.

Регионалниот ЦУК Битола известува дека екипите од Територијалната противпожарна единица, на Националниот парк „Пелистер“, ДПД „Архангел“ и доброволци беа повлечени од терен од пожарот кај месноста Смолево во 23.00 часот. На терен во гаснењето биле активни повеќе од 50 луѓе и пожарот е локализиран но, сè уште постои опасност, бидејќи еден крак од истиот е сè уште активен во густа борова шума и е во правец на селото Буково.

– До овој момент не се загрозени населени места и објекти. Во текот на ноќта очекувано се намали интензитетот на горење на оние места каде што пожарот е сè уште активен. Пожарот е одалечен од НП „Пелистер“ околу 10 км – додаваат од Регионалниот ЦУК.

Од Општина Битола информираат дека еден авион за гаснење на пожарите за десетина минути се очекува да ја испушти првата количина на вода на опожарената локација, што ќе биде од суштинска помош за локализација на пожарот кон селото Буково.

– Бидејќи станува збор за испуштање на водени бомби, апелираме до граѓаните кои се на локацијата и помагаат во гаснењето на пожарите, да се дислоцираат за време на гаснењето на пожарот од воздух – предупредуваат од Битолската локална самоуправа.

Краткотрајните врнежи од дожд вчеравечер успеаја само делумно да им помогнат на пожарникарите да го стават под контрола пожарот кој започна во близина на Смолево, а за кратко време се прошири кон Стрежевскиот канал и кон селото Буково.

ОВАА НЕДЕЛА

ПОРНО АКТЕРКАТА КОКО БАЕ ОТКРИ КОИ МАЖИ НАЈДОБРО ЈА ПЛЕСКАЛЕ А КОИ БИЛЕ НАЈЛОШИ

Коко Бае, ѕвездата од филмовите за возрасни, ја разврани...

НЕОФИЦИЈАЛНО КЕТИ СТЕВАНАНЏИЈА ОД РЕДОВИТЕ НА СДСМ ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА ВО ПРИЛЕП

Неофицијално според информации до кои дојде редакцијата на ,,Народен...

ХЕРОЈСКА АКЦИЈА ВО СТЕНКОВЕЦ: Д-Р ВИКТОР ГРУЕВ И ТИМОТ НА ЈП ЛАЈКА СПАСИЈА НАД 30 КУЧИЊА ОД ПОЖАР

Докторот по ветеринарна медицина Виктор Груев денеска покажа што...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ