Monday, December 2, 2024
3.8 C
Skopje

АВИОНОТ НА ЛАВРОВ ДОШОЛ ВО СКОПЈЕ ПРЕКУ ПЕТ ЧАСА ЛЕТ НАД ЦРНО МОРЕ, ТУРЦИЈА И ГРЦИЈА, БУГАРИЈА НЕ ДОЗВОЛИЛА ПРЕЛЕТ ЗАРАДИ ЗАХАРОВА

Авионот со кој шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров доцна синоќа допатува во Скопје за да учествува на Министерскиот совет на ОБСЕ прелетал преку воздушниот простор на Турција и Грција, иако претходно се очекуваше маршрутата да оди преку Бугарија, јави руската државна новинска агенција ТАСС.

Причина за промената на рутата на летот, според агенцијата, е тоа што бугарските власти одбиле да дозволат прелет на руски воздухоплов во кој се наоѓа портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захарова.

Летот на авионот со руската делегација на чело со Лавров, како што се наведува, траел повеќе од пет часа, поминувајќи околу четири илијади километри. Летајќи над Турција, Црното Море, авионот влегол во грчкиот воздушен простор и на крајот слета на Меѓународниот аеродром „Скопје“.Маршрутата на летот е забележана и од „Флајтрадар24“, од чија мапа се гледа дека авионот на Лавров тргнал од Санкт Петерсбург по што прелетувајќи над Црното Море, влегол во воздушниот простор на Турција, а потоа и на Грција, пред да слета кај Скопје.

ОВАА НЕДЕЛА

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ