АВИОНИТЕ СЕ РАЗМИНАЛЕ НАД МИЛАДИНОВЦИ? СНИМКА ОД ФЛАЈТРАДАР24 ГИ ПОКАЖУВА КОБНИТЕ 30 СЕКУНДИ ОД ИЗБЕГНАТИОТ ИНЦИДЕНТ ОД 7 СЕПТЕМВРИ

0
319

Според правилата на авиосообраќајот, меѓу авионите треба да има 2.000 стапки вертикална далечина. Во овој случај, 30 секунди пред да се разминат, авионите биле на иста височина од 36.000 стапки, но потоа едниот се кренал на 36.325 стапки,  а другиот се спуштил на 35.475 стапки.

Авионите ТК1358 на „Туркиш ерлајнс“, кој летал од Мадрид до Истанбул и „Санекспрес“ кој од турскиот крајбрежен аеродром Даламан летал за Лондон-Гетвик за малку ќе се судреле над Скопје на 7 септември, а снимка од веб-страницата за следење летови Флајтрадар24, сугерира дека авионите ќе се судреле над скопско Миладиновци.

Агенцијата за цивилно воздухопловство(АЦВ) утринвата потврди дека постапува по настан пријавен од Давателот на навигациски услуги М-НАВ за избегнатиот судир над Скопје. Како што објави претходно порталот СДК.мк, повикувајќи се Флајтрадар24, авиони на „Туркиш ерлајнс“ и на „Санекспрес“ за малку ќе се судреле на небото над Меѓународниот аеродром во Скопје на 7 септември во 18.32 часот.