Авантура парк за деца во скопската Зоолошка

0
105
Скопје Зоо добива Авантуристички адреналински парк. Авантура паркот е донација од Агенцијата за млади и спорт, со цел рекреација, спортување и забава за деца од 5 до 12 години.

Овој парк ќе биде налик на познатите европски авантуристички паркови за најмладите и ќе се простира на површина од 2.000 м2, со безбедни реквизити за користење. Наскоро започнуваат подготовките во Ботаничката градина на Скопје ЗОО, а користењето на Авантура паркот ќе биде бесплатно за сите деца.