Saturday, July 12, 2025
19.8 C
Skopje

ААВМУ ГИ ОСУДИ ЗАКАНИТЕ НА КОСТАДИНОВ КОН ЛАТАС – „ПОЛИТИЧАРИТЕ ТРЕБА ДА ДАДАТ ПРИМЕР ЗА ДОСТОИНСТВЕНА КОМУНИКАЦИЈА“

Апелираме да се почитува слободата на медиумите и на новинарите. Доколку политичарите имаат забелешки на медиумските содржини, постојат институционални механизми преку кои можат да реагираат, се наведува во соопштението на ААВМУ.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (ААВМУ) ги осуди заканите упатени кон новинарот Драган Павловиќ Латас од страна на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, објавени на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Во соопштението ААВМУ потсетува дека политичарите и носителите на јавни функции имаат обврска да бидат пример за достоинствена и одговорна комуникација.
Агенцијата предупреди дека изјави кои поттикнуваат омраза можат да имаат сериозни последици и да доведат до дела мотивирани од омраза.

„Апелираме да се почитува слободата на медиумите и на новинарите.

Доколку политичарите имаат забелешки на медиумските содржини, постојат институционални механизми преку кои можат да реагираат“, се наведува во соопштението на ААВМУ.Случајот се однесува на објава на градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на „Фејсбук“, во која тој упатува закани кон новинарот Драган Павловиќ Латас.

Причината за реакцијата на Костадинов е поврзана со изјава на Латас во која тој го споменува таткото на Костадинов.

ОВАА НЕДЕЛА

НЕОФИЦИЈАЛНО ЗАЛОЖНИЧКА КРИЗА ВО ПРИЛЕП

Хеликоптери на МВР го прелетуваат Прилеп. Според неофицијалните информации лице...

ТАЈВАН ИСТРЕЛА АМЕРКАНСКИ РАКЕТИ ХИМАРС ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЖБА

Тајванските вооружени сили денеска почнаа да користат едно од...

КУНОВСКА РАЗМИСЛУВА ЗА „НЕЗАВИСНА“ КАНДИДАТУРА ЗА ЦЕНТАР НО ПРИФАЌА И ПОДДРШКИ ОД ПАРТИИ

Софија Куновска, долгогодишен активен член, советник и пратеник од...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ