Шилегов: Jакимовски може да зборува со мене само како клиент суден за криминал

0
1617

Во теков на изминатава недела, од една ТВ куќа, имаше два обида да бидам на некаков си тв дуел со Стевчо Јакимовски. Вториот пат, дури и класичен обид за местенка.

Е ај да ви кажам зошто не отидов:

Луѓето кои што заради својот личен интерес извршиле предавство на своите другари, пријатели, познаници и истомисленици, никогаш неможе да бидат мои политички соговорници.

Тој кој што за своја лична корист, одбрал да прегази се’ околу себе и да нема ништо свето во животот, со мене може да разговара само доколку одлучи да биде мој клиент кога ќе биде суден заради криминалното реализирање на своите цели.

Дотогаш, може да се перчи како петел на буниште колку сака.

Предавникот си останува предавник. Па макар имал златни пердуви.

Петре Шилегов
фејсбук статус