Фрапантно и брутално е кога Груевски жртвува бебиња за да го штити Тодоров

0
633

gruevski-todorov

Фрапантна е бруталноста и нечовечноста на Никола Груевски кој и по запрепастувачките бројки за зголемена смртност на новороденчиња во Македонија, го штити Никола Тодоров. Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не признаваат ниту еден официјален податок, велат од СДСМ.

Најновата студија Смртност на новороденчиња во Република Македонија, направена токму поради згрозувачките тенденции покажува дека:

Смртноста на новороденчињата во Македонија е 14 на 1.000 живородени бебиња!

Studija-Smrtnost-na-novorodencinja-vo-Makedonija-1-1024x576

Во општините во Македонија каде што недостигаат гинеколози, умираат до 30 бебиња на 1.000 живородени!

Во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од просекот на земјите од Балканот и ЕУ.

Во прилог е првата страница од студијата од 24 страници којашто открива морбидни бројки што Груевски и Тодоров сакаат да ги скријат.

И црната статистика на невладините органзиации во земјава покажува дека Македонија има највисока стапка во Европа на мртвородени бебиња и бебиња што починале до седмиот ден од раѓањето.

Ова е жалната, фрапантна и брутална реалност во Македонија од тендер политиките на Груевски и Тодоров. Никола Тодоров мора да даде оставка веднаш. Тодоров и Груевски ќе одговараат за секоја жртва на системот во здравството, се вели во соопштението од опозициската партија.