Фејсбук покрена можност за проверка на безбедноста на жителите на Париз

0
1262

fbZapariz-540x320

Фејсбук покрена можност за проверка на безбедноста на жителите во загрозените делови на Париз, откако корисниците на Твитер ги повикаа граѓаните да пружат засолниште секому во неволја, користејќи го хаштагот „PorteOuverte“ (Отворена врата), пишува Дејли меил.

Британскиот весник објави дека Фејсбук ја активирал опцијата „чек-ин“ за жителите на Париз, па корисниците во француската престолнина испраќаат известувања преку Фејсбук на мобилните телефони за да контактираат со пријателите и семејството дали се безбедни после терористичките напади и нудат проверка на кој и да е од нивните пријатели во загрозените области на градот, со можност за известување „безбедни“.