Thursday, December 5, 2024
5.8 C
Skopje

ФРОДЕМ: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ се плашат од обврските од договорот од Пржино

ФРОДЕМ – ФРОНТ ЗА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА јавно го изразува својот револт од неодговорното и непринципиелно тактизирање на раководставата на СДСМ и ДПМНЕ во исполнувањето на договорот од Пржино. Со својот недржавнички однос, раководставата на двете партии, јавно и по којзнае кој пат, ги понижувааат и потценуваат граѓаните на Република Македонија пред целата меѓународната јавност.

„Ако одржувањето на фер и демократски, предвремените парламентарни избори е последниот услов за излез од долгата политичка и државната криза, не зачудува фактот како и едните и другите се плашат и настојуваат да не се одржат изборите во закажаниот термин. СДСМ тоа го прави со постојано „ронење солзи“ без преземање конкретни активности и силна реакција до гарантите на договорот, додека ДПМНЕ тоа го прави со перфидно опструрирање на превземените обврски и страв од прочистување на избирачкиот список и измислување на разно разни афери со помош на злосторнички здружените корумпирани провладини медиуми и новинари.

Ова несанкционирано самоволие на засега најголемите македонски политички партии, покажува дека и за едните и за другите приоритетен е личниот и партискиот, наспроти државниот и националниот интерес. До кога македонските граѓани ќе бидат заложници на опасните тактизирања и на „мртвата трка“ од која губи целата нација? Затоа и на едните и на другите треба да им се каже ,,ЗБОГУМ” на изборите на 24 април 2016.

Заедничките обиди за „купување време“ и одлагање на изборниот датум се јасен показател на неспремноста за реформи, за стравот од меѓусебното соочување и за стравот од конечниот суд на граѓаните. Во Македонија ништо не се постигнало со одложување. Тоа што навистина се сака да се постигне се постигнува за кратко време. Одложувањето на обврските може само да донесе напластување на проблемите. Одложувањето може да биде и самопровокација за влегување во нови конфликтни сценарија, што сигурно ќе повлечат и дополнителна, конкретна одговорност.

ФРОДЕМ ги повикува гарантите на договорот, ЕУ и САД, за последен пат да извршат силен притисок на пишман потписниците на договорот со цел доследно и без одлагање да се реализираат преостанатите договорни обврски. Во таа смисла повикуваме до крајот на неделава во Собранието на РМ да се финализираат Законите за медиумите и Агенцијата за медиуми, вклучувајќи го тука и законите за МРТВ и промената на раководниот кадар, за клеветата и за глобата на медиумите.

Воедно го повикуваме премиерот Груевски, онака како што сиве овие години глумеше храброст и одважност, истата да ја покаже и уште денес да се повлече од премиерската функција и да остави доволено простор и време за новиот мандатар да предложи квалитетна програма и квалитетен состав на новата привремена влада.

ФРОДЕМ посебно нагласува дека во привремената влада не смее да има место за оние функционери кои на директен или индиректен начин се инволвирани во досегашни инкриминирани случувања. Во неа не смее да партиципираат оние персони кои со својот непримерен начин на владеење се покажаа како уназадувачи на демократските процеси и соучесници во досегашното разградување на државата. Во неа не смеат да партиципираат и функционерите кои се актуелни кочничари на договорот од Пржино.

Почитувани граѓани на Република Македонија, за ФРОДЕМ иднината на нашата држава и на нашите поколенија е многу побитна од теснопартиските и личните интереси на сегашнава политичка квази елита. Затоа ве повикуваме сите заеднички да се ослободиме од досегашната апатија, страв и дефетизам и да извршиме силен притисок секој виновник да си ја добие заслужената казна и да ставиме крај на лажниот патриотизам“, стои во соопштението на ФРОДЕМ.

ОВАА НЕДЕЛА

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

БРИТАНСКИ МИНИСТЕР ЗА ВЕТЕРАНИ : НАШАТА ВОЈСКА ЌЕ БИДЕ УНИШТЕНА ЗА САМО ШЕСТ МЕСЕЦИ ВОЈУВАЊЕ

Министерот за ветерани во британското Министерство за одбрана, Алистер...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ