(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Спасовски во посета на Општина Студеничани во село Елово

0
2031

Генералниот секретар на СДСМ и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, придружуван од претседателот на општинската организација на СДСМ Студеничани и неколкумина активисти денеска беа помеѓу селаните на Елово.

„СДСМ во борба против криминалот и корупцијата коишто се одомаќинија во изминатите 10 години. Сакам да упатам јасна порака, новата влада предводена од СДСМ ќе води бескомпромисна борба против корупцијата и криминалот. Секој оној, без разлика на политичката припадност, што сторил криминал, се збогатил на грбот на граѓаните ќе одговара. Законот ќеда важи за сите и нема да има никаков компромис“, рече Спасовски.

Спасовски напомена дека избори ќе има во Македонија откако ќе биде прочистен избирачкиот список, кога ќе имаме фер и слободни медиуми што ќе овозможат волјата на граѓаните да бидат почитувана во целост.

DSC_0286 DSC_0293 DSC_0287 DSC_0283