(ФОТО) СДСМ: ТИРЗ Берово – уште една лажна инвестиција на Никола Груевски

0
509

„ТИРЗ Берово е уште една во низата лажни инвестиции на манипулаторот во заминување Никола Груевски.

За индустриската зона во Берово, досега се потрошени над 35 милиони денари а наместо инвестиции, фабрики и отворање нови работни места како што најави Груевски има празна површина од 17 хектари со шут и камења.

На празната ливада се уште стои таблата, пред којашто Груевски фрлаше лопата при поставувањето на камен-темелникот на 18 октомври 2014 година, заедно со Владимир “дил ориентед” Пешевски.

f2

Граѓаните знаат дека Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…

Единствено во што Никола Груевски 10 години “инвестира” се матните бизнис зделки на братучедот Мијалков, “чоколадите” на кумот Ставрески, 4-те стана на име на мајка му, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизии на тендери и споменици вредни 630 милиони евра…

Корупцијата во врвот на власта во изминатите години однесе безброј инвестиции и работни места и запусти многу населени места во Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

f3