(ФОТО) Пробиен список – ВМРО-ДПМНЕ се спрема за избори, ги има сите податоци на младите до 30 години!

0
1201

Пробиена е анкетата направена од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период, членови на ОК ВМРО-ДПМНЕ користејќи филтриран избирачки список само на млади лица на територијата на општина Центар, вршеле анкета поставувајќи го прашањето: „дали на наредните избори би го дале вашиот глас за ВМРО-ДПМНЕ доколку партијата со сигурност ви гарантира дека по изборите би ве вработила?“, пишува Центарњуз.

12084170_10153354162357998_1886476967_n1-670x503

Овие листи на кои се обработени податоците преку поминување на целиот терен во општина Центар ни се доставени од страна на револтираното членство на ВМРО-ДПМНЕ при Општинскиот Комитет Центар.

Станува збор за предмет кој содржи преку 500 страни материјали за лицата под 30 години кои живеат и го остваруваат својот глас во Центар и се невработени. На самите материјали до сите лични податоци на младите гласачи постои и забелешки за одговорот на субјектите, а доколку за некој од субјектите постои информација или барем допрен глас за негово/нејзино членство во политичка партија, истото стои како забелешка.

Со овој чин се вршат повреди на Законот за заштита на лични податоци, односно деловите кои се однесуваат на:

– Чл. 6 со кој се забранува обработка на податоците без согласност на субјектите чии податоци се обработуваат

– Чл. 8 со кој строго се забранува обработка на посебни лични податоци меѓу кои е и политичката определеност

– Чл. 10 кој забранува обработка на лични податоци без субјектите да бидат информирани за прибирањето на личните податоци

Ова не е првпат ВМРО-ДПМНЕ да бидат вклучени во вакви активности. Непосредно пред сите избори во текот на овие девет години додека се на власт одат од врата на врата и ветуваат вработувања, субвенции и финансиска помош од секаков вид во замена за гласови.

Целиот текст прочитајте го на Центарњуз на следниот линк ОВДЕ.