Продолжуваат мегаломанските апетити на ненаситниот градоначалник Стевче Јакимовски! Откако информиравме за фактурите со кои Јакимовски и Пренџов купувале неколку стотици сендвичи, овие двајца функционери од ГРОМ, продолжуваат да уживаат во трошењето на парите на граѓаните на општина Карпош, задоволувајќи ги своите потреби, пишува Центарњус.
Според фактурата со број 147 од 14.11.2013 година испорачана од туристичка агенција Теабо, Јакимовски за само еден ручек одржан на 07.11.2013 година во ресторанот Балканика исплатил 297.630,00 ДЕНАРИ на ресторанот!