(ФОТО) Граѓаните пред Собранието бараа оставка од доктор Нино: Мора да има одговорност за системот кој убива, наместо да лекува!

0
429

Додека во Собранието во тек е расправата за интерпелација на министерот за здравство, Никола Тодоров, пред Собранието граѓани и активисти со извиците „Оставка“ и „За Тодоров затвор“ потестираа против лошите политики во здравството, пренесува „Мета“.

Тие побараа од министерот Тодоров да поднесе оставка од функцијата и да преземе политичка и морална одговорност.

12370698_923017767780315_5485600263519407540_o-768x576

– Мора да има одговорност за системот кој убива, наместо да лекува! Ние, граѓаните, сме свесни дека неговата оставка нема да ја врати малата Тамара, ниту, пак, ќе ги врати сите оние што го изгубија својот живот во лавиринтите на здравствениот систем. Но, во исто време сме свесни дека мора да направиме сѐ за да ги спречиме новите жртви на смртоносните реформи на Тодоров и за да добиеме здравствен систем кој квалитетно и ефикасно ќе се грижи и ќе ги лекува пациентите. На граѓаните им треба министер кој нема да го користи нивното здравје за потребите на дневните партиски политики. Министерот за здравство Никола Тодоров во својот мандат остави наследство од загубени и од уништени животи – рече Адриана Селмани од граѓанската иницијатива „Ајде“.

1531694_923017404447018_2451867451919055453_o-768x576

Демонстрантите кои носеа транспаренти „Време е за одговорност Тодоров“, „Нашите животи не се твои партиски поени“, „Сакаме систем кој лечи, а не убива“ пуштија аудиоснимки од изјави на Тодоров за случајот со малата Тамара и дел од говорите и од изјавите со кои министерот за здравство во јавноста се бранеше за своето работење.

Фото: Радио МОФ