(ФОТО) Геро и Кум Ставре си гугуткаат во Беровец, по гушкањето со Хипо и Димовски во собрание сега се гушка и со Кум Ставре, САТРАПОТ НА МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА

0
802

Во една држава во која владеат демократските вредности, каде политичките спротиставени субјекти се борат за политички концепти и каде наместо да заговараат фрлање на политички противници во ендеци со жените и децата и каде тие зборуваат за политички проекти и слични теми е сосема нормално еден опозициски настроен новинар да оствари средби деловни или пријателски со политичар со кој не го дели ставот, но тоа не може да биде случај и во Македонија бидејќи живееме во време на хибриден режим каде новинари се тепаат со шипки по глава и се зацрнуваат цели семејства и поколенија со затворски казни без судски разрешници и каде притворот се користи како метод за заплашување на неистомислениците.

gero-stavreski

Геро кој важи за еден од првите опозициски новинари и кој важи ако не и за првото опозициско перо последните неколку години и покрај тоа што неговите новинарски кадри во Менада од неговата школа скоро сите се продадоа на режимот на Грујо, и покрај тоа што Геро се гушкал со Пешевски и си гугуткал со сатрапот на македонските медиуми и промоторот на црната пропаганда на режимот во Македонија кој спружувал неистомисленици на насловни страни по куртон весници и портали Илија Димовски сега Геро е во пријателски разговор во Боровец со економскиот џелат на Македонија поради кој ќе плаќаат 10 поколенија од нашите деца, внуци, правнуци итн и тоа затоа што Геро сметал дека тоа било нормално да се мота и гушка со режимот?! ц ц ц ц

Ете зашто Геро не ги праќа своите мрзеливи новинари да ги бркаат министрите на Грујо за да не му се налутат… Оваа фотографија инаку е сликана во Боровец пред некој ден… Само не 3 е јасно како Геро не разбира дека овие се соучесници во диктатурата која меѓу другото е организатор и на личната хајка и против него и неговите деца, не можам да го разберам овој човек никако… Ова арогантно лигле пред него е најзаслужно за изборниот поткуп и блискиот банкрот на земјата поради масовното позајмување од неколку милијарди евра дома и во странство…

Само незнаеме што ли гугуткаа, дали тоа Геро на Кум Ставре му ја објаснува неговата идеја за пост изборна коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ или пак Геро сепак му ја објаснува идејата за децентрализација 😀