(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Раководството на СДСМ оствари средба со граѓани од петта изборна единица

0
902

Потпретседателот на СДСМ и заменик министер во министерството за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски, беше во редовна, работна посета со членството во Општинските Организации на СДСМ во Кичево, Македонски Брод, Кривогаштани и Долнени.

12312399_10207884860018979_1288676559_n

Тој на истите ја претстави актуелната политичка ситуација во нашата држава и испрати апел до целото членство за целосна и масовна вклученост во, како што истакна, последната фаза од победничката стратегијата која треба да донесе промена на актуелната власт и нормализација на државата.

12358124_10207884859578968_713877775_n

Кирацовски ги истакна општествените придобивки кои Република Македонија ги доби преку преговорите, особено во делот на изборниот законик, прочистувањето на избирачкиот список, медиумите, ДИК, како и општествената полза од учеството на опозициските кадри во петте министерства.

„Изборните малверзации ќе бидат сведени на „нула““ – рече Кирацовски, а дополнително истакна:

„Почитувани, ако нешто е сигурно во овој несигурен свет, тоа е фактот дека Никола Груевски конечно заминува од власт! Заминува без оглед што зборува и на кој начин делува, без оглед колку пари украл и за што се е подготвен да ги даде – со него е завршено! Но, за потврдата на тој факт да биде поголема од манипулациите, на 24 април 2016, СДСМ мора, може и ќе победи со голема разлика!“

12336412_10207884859818974_1658650967_n

„Премиерот е заглавен до гуша во криминал и корупција, а упорно се вади со изјавата „народот ќе пресуди. Не Груевски, прво ќе ти пресудат судиите, а потоа штом излезеш на слобода, кандидирај се колку пати сакаш!“- изјави заменик министерот за информатичко општество и потпретседател на СДСМ Александар Кирацовски пред присутните граѓани на Кичево, Македонски Брод, Кривогаштани и Долнени.

12351242_10207884859618969_1771882562_n 12336321_10207884859698971_1280080627_n 12346626_10207884859658970_1017527630_n 12351056_10207884859738972_1775396784_n12358395_10207884859538967_524566402_n 12351222_10207884859378963_1901405919_n 12358047_10207884859978978_788066007_n 12348194_10207884859778973_1845743989_n 12358502_10207884859858975_321278876_n 12351161_10207884859498966_77788068_n