Здружението на учесници во вооружените дејствија при одбрана на суверенитетот и интегритетот на Република Македонија и оваа година како и претходните години традиционално остварија предновогодишно дружење со децата на бранители кои ги положија животите на местото ,,Карпалак” .На средбата беа присутни и дечињата на бранителите од конфликтот 2001-ва година од Прилеп.
Во просториите на здружението на бранителите на дечињата подароците им ги подели Дедо Мраз. За ова скромно дружење да биде побогато и повесело се погрижија А.Д. Комерцијална Банка”, Општина Струмица, конфекција ,,Комфи Ангел” ,прехрамбената индустрија ,,Дониа” и порталот Народен Глас.