Утре протест по повод годишнината од смртта на малата Тамара

0
576

Помина една година откако почина малата Тамара Димовска, а Јавното Обвинителство сè уште се нема изјаснето во врска со кривичните пријави против одговорните за нејзината смрт.

Затоа, во вторник, 9 февруари, во 12:00 часот, група граѓани ќе одржи протест на кој ќе порача: доста беше молк од Јавното Обвинителство!

„Бараме Јавниот Обвинител итно да покрене обвинение против одговорните за смртта на Тамара“, велат револтираните граѓани во најавата за протестот.