Успешно одржана конференцијата “Pioneers of the Balkans”

0
677

Дводневната конференција и финалето на натпреварот «Pioneers of the Balkans» беше место за средба на идеи и капитал.

pioneers-of-the-balkans-so-prezentacija-vo-makedonija-vo-newman-s-business-accelerator-04

Натпреварот и конференцијата «Pioneers of the Balkans» го иницираше Групата на Светска Банка, а го финанцираше  Европската комисија.

Во текот на два интензивни дена, пред стручна публика од околу 100 инвенститори, три најпознати светски venture capital фондови – Speedinvest, J&T Ventures и Startlabs, најдобрите 50 стартап тимови бараа шанса за  деловно напредување.

Меѓу најдобрите 50 тимови се најдоа претставници на земји во регионот: Србија, Хрватска, Македонија, Црна Гора и Косово, кои се натпреваруваа во категориите «Бизнис и продуктивност», «Животен стил и забава», «Life Science и енергија», «Животна средина», «Мобилност и транспорт».

После презентации, одржани во текот на првиот ден, стручното жири, со речиси едногласна одлука, издвои три тима со силен пазарен потенцијал. Во категоријата «Животен стил и забава» за најдобар е прогласен тимот од Србија – EuroPATC, апликацијата која на родителите на деца со аутизам им дава можност за следење и грижа за дете. Во следната категорија, «Life Science и Енергија», жирито го освои хрватскиот стартап, кој побара од 100 до 300 илјади евра за истражување и развој на коскени полнители за употреба во дентална медицина и други области на медицина, каде е потребна регенерација на коски, под името Dental BioSciences. Освен ова признание, хрватскиот тим IndiKnow избори и дополнителна можност за понатамошни преговори со J&T Ventures фондот, со цел за да обезбеди капитал за понатамошно развивање на деловна платформа за поврзување на деловни субјекти во туризмот.

Вториот ден на конференцијата беше резервиран за понатамошни претставувања на тимовите и уште неколку интересни стручни работни групи, но и големи изненадувања. Во категоријата «Животна средина» беше издвоен најаткрактивниот тим на сцена од Србија со производот Ignis Gel – иновативен гел, кој заштитува од пожар било какви материјали, што потенцијално може да спречи шумски пожари. Во категоријата «Мобилност и транспорт» победи тимот SailRouter – апликацијата, која им овозможува на сопствениците на бродови рационализација на потрошувачка на гориво. Во категоријата «Животен стил и забава» се издвои стартап тимот BOYA crayons – иновативна алатка за цртање, која овозможува послободно и поуверено ликовно изразување. Тимот

Supracontrol од Хрватска е повеќекратниот победник на овој ден. Освен победата во категоријата «Бизнис и продуктивност», тој доби можност и за понатамошни преговори за износ од 100.000 евра, по избор на SpeedInvest. Исто така, фондот StartLabs одбра два тима, со кои ќе води преговори за износот од 50.000 евра: DataMaid – платформата за полесно и побрзо споделување на содржини на социјалните медиуми, и AlphaStack – платформата за поефикасно, полесно и побрзо покренување на девелоперски проекти.

Изненадувањето за сите собрани, но особено за двата стартап тимови – веќе повеќекратно наградени Supracontrol и Trillenium, беше појавување на Yoshihirо Hiratа, претствникот на јапонската медиумска компанија Никкеи, кој им предаде покана за  учествување на азиското издание на конференцијата Pioneers of Asia, со што им обезбеди можност за претставување пред уште поголем број на инвенстори.

Оваа конференција покажа дека парите не претставуваат проблем се додека има добри идеи и луѓе кои стојат зад нив. Основен предуслов за успех на стартап компании на регионално и глобално ниво е  поддршка на инвестори, ментори и луѓе со контакти во целиот свет. Можноста за претставување, умрежување и стекнување на контакти најголемата е вредност на оваа конференција и одлично деловно искуство за сите учесници.

pioneers-of-the-balkans-so-prezentacija-vo-makedonija-vo-newman-s-business-accelerator-03

Додатокизјави:

Мариус Штарке (Marius Starcke), Director of Special Projects на Pioneers

«Исклучително сме задоволни со настапите на стартапи и нивните презентации, како и со разноврсноста на категориите во кои тимовите се натпреваруваа. Повеќето тимови покажаа напредок од почетокот на натпреварувањето, за кое време тие научија најдобри начини да заинтересираат инвестори за свои идеи и проекти. Желбата на организаторите е претставените проекти, од кои голем дел се во многу рана фаза на развојот, во текот на следните неколку години, да се развијат во компании кои генерираат приходи. Она што е важно е дека тимовите на овој настан имаа можност  да бидат признаени од страна на потенцијални инвеститори.»

 Ана Паула Кусолито (Ana Paula Cusolito), Senior Economist Trade & Competitiveness Global Practice, The World Bank

«За Светска банка ова е многу важен проект, бидејќи веруваме дека иновацијата е еден од најважните извори на конкурентност. Затоа, ние сакаме да им помогнаме на иновативните стартапи и мали и средни претпријатија за

да добијат пристап до финансирање преку акции. Овој тип на програма, која на претприемачите им овозможува да станат интересни за инвеститори, игра голема улога во помагање на земјите да создадат иновативна претприемачка заедница.

 Јошихиро Хирата (Yoshihiro Hirata), Managing Executive Officer, Nikkei Inc.

«По одржаната конференција ние сведочивме дека стартап сцена во регионот многу е активна. Многу јапонски инвеститори и големи компании активно ја следат европската стартап сцена. Поканите на коференцијата Pioneers of Asia, кои ги им вручивме на хрватските тимови, претставуваат значаен влезен билет за претставување на потенциален голем источен пазар.

 Ерик Бови (Erik Bovie), Founder and General Partner of SpeedInvest

«Значително се подобри квалитетот на стартапи и нивните презентации во регионот и сметам дека неколку тимови, што ги видовме на конференцијата, имаат потенцијал за успех на глобално ниво. Особено оние, кои се фокусираа на подрачјето на заштита на животната средина и унапредување на медицинската технологија. Мојот фонд активно инвестира во оваа регија, и по конференцијата ќе продолжиме активно да ги следиме видените тимови и проценуваме можности за инвестирање.»