ТХП: После 24 април Турците нема да бидат граѓани од трет ред

0
285

thp4-650x320

Партијата за Движење на Турците (ТХП) продолжува со реализација на проектот “Нас нѐ има“,  кој опфаќа директни средби со граѓани, посета на домови, граѓански групи, невладини организации и организирање на панел дискусии во средините каде што турската етничка заедница е побројна.

Вчера во рамките на проектот “Нас нѐ има“ во Валандово се одржа панел дискусија, каде генералниот Секретар на ТХП и актуелен пратеник во Собранието, Енес Ибрахим, рече дека изјавите на премиерот Никола Груевски не се усогласени меѓу себе и дека повеќе од сигурно е дека тој си заминува.

– Охридскиот рамковен договор за Турците од Валандово не важи бидејки 14 години од спроведувањето ништо не е направено од државната власт. Ниту локалната ниту централната власт не се заинтересирани за проблемите на турската заедница од Валандово. После 24 април Турците од Валандово нема да бидат граѓани од трет ред – рече Ибрахим.

Зменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски изјави дека ќе им дава поддршка на сите кои се занимаваат со земјоделство и сточарство, дека субвенциите нема да доцнат дека ќе се зголемат. Николовски подвлече дека е информиран за неправдите и притисоците кои се вршат врз турската етничка заедница и затоа ќе превземе мерки за да бидат елиминирани ваквите случаи. Според него, шумската полиција веќе не ќе може да врши притисок врз турското гласачко тело.