Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Белгија Ван Калстер

0
347

Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски денеска имаше средба со амбасадорката на Кралството Белгија за Република Македонија Аник Ван Калстер.

На средбата, соопшти МВР, министерот Спасовски ги презентираше најновите информации за состојбата со мигрантската криза и ја истакна потребата од меѓународна помош за Република Македонија во испраќање странски полициски службеници и опрема.

Спасовски, стои во соопштението, дал осврт на политичката состојба во земјава и важноста од спроведувањето на договорените одредби од Договорот од Пржино.