Средба на Заев со амбасадорот на Италија Масимо Белели

0
373

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со амбасадорот на Италија во Македонија, Масимо Белели.

На средбата се разговараше за спроведувањето на Договорот од Пржино и потребата од негова суштинска имплементација во интерес на Република Македонија и нејините граѓани.

Претседателот Заев рече дека СДСМ останува посветена на процесите коишто треба да допринесат во создавањето на услови за одржување на слободни, фер и демократски избори во Македонија.

Заев додаде дека Договорот од Пржино е единствена можност за излез на Македонија од политичката криза и само негово целосно спроведување може да создаде услови за одржување на фер и демократски избори.

„Без прочистување на Избирачкиот список и регулација на медиумскиот простор во Македонија не може да има фер, демократски и слободни избори.

Остануваме посветени во процесите и очекуваме сите инволвирани страни да дадат придонес во интерес на Република Македонија“ рече Заев.

Италијанскиот амбасадорот Белели го пренесе очекувањето за целосно решение на политичката криза.