Средба Заев – Рот: Круцијални за изборите се чист список и регулирани медиуми

0
336

За излез од политичката криза и за иднината на Македонија се неопходни фер и регуларни избори, за што круцијална улога има исполнувањето на двата услова од пржинскиот Договор, прочистен Изборачки список и регулација на медиумите. Ова е заедничкиот став по средбата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со германската делегација предводена од Михаел Рот, државниот министер во МНР на Германија.

-Државната изборна комисија како независна институција чијашто обврска е Избирачкиот список треба да ги соопшти роковите за прочистување на списокот во којшто мора да имаат доверба сите политички субјекти во државата и граѓаните. Од голема важност за предизборниот и изборниот процес е да се обезбеди и објективно известување, бидејки најголем дел од медиумите се под контрола на власта, поради што опозицијата нема фер шанса за медиумско претставување. СДСМ нема да отстапи од ставот за фер и регуларни избори со примена на европските вредности, а реализацијата на овие две обврски е меѓу нив, рече претседателот Заев.

Zaev-Rot2-3