Со вакви ропаци кои раководат со УКИМ, не само што Боркица магистрира, а Гоца Бесни Брк стана докторчик, туку и некоја од козите на Миленко може да добие академско звање: Слугите на Грујо ја затворија седницата на Сенатот на УКИМ за Професорскиот пленум,Студентскиот пленум и Мугра

0
977

Соопштение на Професорскиот пленум:

Професорскиот пленум ја известува јавноста дека на членовите на Професорскиот пленум, Студентскиот пленум и на Мугра, како и на присутните претставници на медиумите не им беше дозволено да присуствуваат на седницата на Сенатот на УКИМ, која се одржа денес, на 29.12.2015, иако, согласно со Статутот на УКИМ (чл. 110), седниците на Сенатот на УКИМ се јавни.

Вратите на Ректоратот на УКИМ останаа затворени за претставниците на академската фела и на медиумите без соодветно образложение, и покрај тоа што Ректорот на УКИМ, кој ги свикува и раководи седниците на Сенатот на УКИМ, беше информиран за нашето барање да присуствуваме на седницата, а и на самата седница не беше изгласано денешната седница на Сенатот на УКИМ да биде од затворен карактер.

Со тоа Ректорот Стојковски го прекрши Статутот на УКИМ.

Професорскиот пленум бара одговорност од Ректорот Стојковски за денешниот инцидент.