Saturday, November 2, 2024
17.8 C
Skopje

Скопска апелација ја потврди пресудата за „Монструм“

Апелацискиот суд Скопје ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 од 30 јуни 2014 година за случајот „Монструм“.

– Апелацискиот суд Скопје со пресуда КОКЖ.бр.108/14 од 9.10.2015 година, одлучувајќи по жалбите на јавниот одбвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје и обвинетите, ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.80/12; КОК.бр.88/13 од 30.6.2014 година во предметот познат во јавноста како „Монструм“, се вели во денешното соопштение од скопска Апелација.

Со цитираната пресуда на Апелацискиот суд Скопје по одржаната јавна седница и сеопфатната анализа на доказите и оценка на жалбените наводи, жалбите на обвинетите А.И., А.Д., А.И., Ф.А. и С.Љ. огласени за виновни за кривично дело „тероризам“ од Кривичниот законик, како соизвршители и обвинетиот Х.А. огласен виновен за кривично дело „тероризам“ како помагач, и осудени на казна доживотен затвор изречена од страна на првостепениот суд, се одбиваат како неосновани.

– Со одлуката на Апелацискиот суд Скопје, жалбата на јавниот обвинител во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, изјавена во ослободителниот дел на првостепената пресуда, со која обвинетиот Р.С. е ослободен од обвинението за кривичното дело „тероризам“ од Кривичниот законик како соизвршител со останатите обвинети, се одбива како неоснована, се наведува во соопштението од Апелацискиот суд Скопје.

ОВАА НЕДЕЛА

МИЦКОСКИ – ФИЛИПЧЕ = 5:1 ВЛАДЕЈАЧКАТА ВМРО-ДПМНЕ ИМА НАЈГОЛЕМА ДОВЕРБА КАЈ НАРОДОТ

Довербата во владејачката партија изнесува 26%, далеку пред другите...

ПОЧИНА ЕДЕН ОД ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ДЕНЕШНОТО ПУКАЊЕ ВО АРАЧИНОВО

Едно од двете повредени лица во денешниот оружен инцидент...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ