Си купи ли фамилијата акции во Комерцијална, почна ли пресметката на Грујо и Мијалков со незгодниот директор Хари Костов?! Кој плати 1,22 милиони евра за 35.870 акции во „Комерцијална банка“?

0
1403

Веста дека некој плати 1,22 милиони евра за акции на „Комерцијална банка“ и тоа по цена од 2.100 денари за акција некои веќе ја толкуваат како силен сигнал за дивиденда. Да видиме….

komercijalna

Засега непознат купувач плати 75,33 милиони денари (над 1,22 милиони евра) и купи 35.870 акции со право на глас во „Комерцијална банка“ односно околу 1,6 отсто од акциите со право на глас во таа банка. Сите акции беа истргувани во само една трансакција, а на тргувањето му претходеше драмолетка во која цената на акцијата беше спуштена за речиси 10 отсто односно за 200 денари од почетокот на тргувањето па до „фамозната“ трансакција која беше реализирана на цена од 2.100 денари за акција. Почетната цена за акција што беше постигната беше 2.301 денар за акција. По тоа следуваше спуштање на цената на акцијата затоа што во неколку наврати се нудеа на продажба количества на се пониска и пониска цена. Купувачите по неколку реализирани трансакции сфатија и почнаа да се повлекуваат се до ценовното ниво од 2.100 денари за акција. Веројатно дека некој во налет на паника и пострада , нервите проработија и продаде на ценовно ниво кое беше најниско во споредба со претходните дваесетина трговски дена.

И тогаш се појави „Титаник“ – продажен налог на 35.870 акции! За кратко додека уште голем дел од набљудувачите беа во шок се појави куповен налог и трансакцијата беше реализирана. Некој купи 1,6 отсто од акциите со право на глас во „Комерцијална банка“ и за тоа плати 1,22 милиони евра во кеш!

Кој продаде, а кој купи?

Според познавачите во првиот трговски ден оваа седмица продавач на акции е некој што имал солидна количина, а брзал да продаде. Дел од познавачите ценат дека се работи за институционален инвеститор со седиште во нашиот регион кој заради ликвидносни потреби решил да продаде и да ги впаричи своите акции во „Комерцијална банка“. Засега нема официјална потврда. Не се знае ниту кој е купувач и тоа допрва ќе се утврди во следион краткорочен период.

Веројатно е дека се работи за домашен доброинфориран инвеститор што го користи моментот и очекува дивиденда со што на краток рок ќе врати дел од својата инвестиција. Во тоа ја бараат логиката на ова вложување и го правдаат со очекување дека сигурно не има дивиденда односно поврат на инвестицијата.
Инвеститорите се погласно коментираат дека оваа огромна транскација може да значи дека е многуверојатно дека некој знае и очекува дивиденда од акцијата на „Комерцијална банка“. Тоа е опција што може да биде потврдена на следното редовно акционерско собрание што ќе одржи пролетва. Некои дури лицитираат и до износот на дивиденда и ценат дека ќе биде од 100 до 150 денари по акција. Други пак инвеститори се резервирани односно гледаат песимистички и велат дека регулативата и односот на Народната банка ќе имаат свое влијание и банката прво ќе мисли на зајакнување на своите билансни позиции, а по тоа ќе гледа дали и колкав износ за дивиденда може да подели.

Останува да видиме што ќе донесе идниот краткорочен период. Сигурно е тоа што ова количество акции сега нема да тежи на страната на понудата и да ја бутка надолу цената на акцијата. Од друга страна оваа трансакцијата и шпекулациите за дивиденда што ги подгрева може да донесе нови мали инвеститори кои би вложиле сега во таа акција, особено ако се има во предвид скромната понуда на дивидендни акции на нашиот пазар на капитал.

Извор : Фактор