Сите „домобрани“ ќе станат директори

0
731

Актерот Тони Михајловски, воспален поддржувач на режимот на Никола Груевски, дел од патувачкиот караван ГДОМ, кој на чело со Миленко Неделковски ја крстари Македонија и шири говор на омраза, стана уметнички директор на Македонскиот народен театар.

Ред е да се потсетиме дека пред да стане „домобран“, односно член на Граѓанското движење за „одбрана“ на Македонија од сите надворешни и домашни „непријатели“, актерот Михајловски беше ѕвезда на кампањата на Обединети за Македонија на Љубе Бошковски, а го паметиме и од неговата одбрана на А1 телевизија. По овие политички лупинзи, Михајловски конечно се „гдоми“ во друштвото што му прилега.

Инаку, пред него, директор стана Братислав Димитров, исто така дел од патувачкиот театар на Неделковски. Тој стана директор на Театарот за деца и младинци, каде што веднаш по стапувањето на должност се истакна со цензура на неподобните претстави.

Еден по еден, членовите на ГДОМ добиваат раководни позиции во нашите институции. Лажниот патриотизам и поддршката на фашистичкиот режим дебело се исплатуваат.

Неофицијално дознаваме дека следни кандидати за директорски фотелји се Неделковски и колумнистката Мирка Велиновска. Додека за Велиновска се чува директорската позиција во ансамблот „Танец“, Миленко Неделковски би можел да стане директор на скопскиот Луна парк.

Извор: Слободен печат
Слика: Странски служби