Сефер Цановски: Македонија треба да биде земја на знаење!

0
1780

Време е политичарите да прекинат да го користат образованието во лични политички цели и да дозволат како и во секоја нормална држава целосна автономија на универзитетите со вистински поддржана и квалитетна долгорочна визија за развој. Студентските домови се важни но уште поважен е да се смени менталниот склоп во перцепцијата на образованието.

Македонија како земја која припаѓа на територија на Европа, може да биде интересна дестинација за многу земји од светот. Македонија може да привлече далеку поголем број на странски студенти, се разбира ако понудиме квалитет.

елика Британија на пример преку странски студенти и само од приходи на школарини во земјата заработува преку 7 милјарди фунти годишно. Без вклучени трошоци за храна , сместување , сметки или матерјали за студирање.

Ќе го земам за пример и северен (турскиот) Кипар кој има повеќе од 55000 странски студенти кои студираат на ова мало парче земја која стратешки изминативе две децении направи огромни универзитетски кампуси и универзитети со ултра модерни сместувачки капацитети со одлична услуга и квалитетно образование исклучиво на англиски јазик.

Каде просечна цена на студии изнесува од 10000 до 20000 евра годишно.

Што би значело за Македонија доколку има 50 000 странски студенти ?

Секој од нив сакале или не годишно ќе потрошат по најмалку 10 000 до 15000 евра (за студии , за храна и останато ) и во нашава држава би влегувале годишно од 500 до 750 милиони евра само од тие студенти. Многу повеќе од фабрики и не знам какви други инвестиции кои се изнагледавме годиниве наназад.

Македонија треба да биде земја на знаење.

За да дојдеме до тоа мора да понудиме квалитетно образование. Да имаме стабилна држава. Да имаме квалитетни политики во образованието. Квалитетни и долгорочни проекции за фер развој на универзитетите. Квалитетни инфраструктурни услови за студирање и наместо инвестирање во непрофитни проекти како спомениците на пример да се инвестира во студентски градови кои со квалитетна визија можат за брзо време да ја покажат својата вредност и не само да ја повратат инвестицијата туку и да бидат вистинка гранка на развој на целото наше општество .
Време е да почнеме да се движиме кон патот на Европските вредности во образованието и културата.
Само со визија и вистински развој можеме да ја промениме сликата за образованието и универзитетите во Македонија.

Тоа ќе биде иднината на нашава држава.

Фејсбук статус на Сефер Цановски