Сведоштво на Цуцуловски: Курир ЛАЖЕ ! Кирацовски ми го спаси животот

0
1604

Очигледно денес во политиката, ниту едно добро дело не поминува неказнето!

Јас, Гоце Цуцулоски, сум лицето со тешки телесни повреди од тепачката во 2001 година, за која безочно се лаже во јавноста и сакам лично да ви ја кажам вистината – Александар Кирацовски ми го спаси животот. Ме извлече од ситуација во којашто насилници сериозно ме нападнаа и сериозно ме повредија. Вака реагира до медиумите Гоце Цуцуловски, по објавените инфорамции дека заменикот министер Александар Кирацовски е осуден за учество за тепачка во која едно лице е избодено со нож.

-Потенцирам, насилници ме повредија, а Александар Кирацовски ме спаси, водејќи ме во Брза помош. Да не беше Кирацовски веројатно ќе завршев со посериозни повреди по мојот живот.

Најостро ги демантирам лагите со кои се служат порталот Курир, други портали и одредени телевизии што ја презедоа лажната вест!

Тука сум лично да ја потврдам вистината и да ја демантирам лагата со којашто сакате да му наштетите на Кирацовски!

Подготвен сум да дадам изјава за кој било медиум и подготвен сум да сведочам пред суд во којшто неправдата кон Кирацовски, ќе биде исправена.
Со почит,

Гоце Цуцулоски