Сведок: СЈО отвора истраги против актуелни судии за носење пресуди по „нарачка

0
624

Најмалку десетина актуелни судии и неколку поранешни или кои сега се на други функции се очекува да бидат опфатени со истрагата која треба да ја отвори наскоро Специјлното јавно обвинителство, по преслушување на разговорите од кои се слуша дека голем број пресуди биле донесени по „нарачка“, информира Сведок.

Судски извори за „Сведок“ потврдуваат дека на големо се врти темата за новата истрага која не само што се очекува да го раздрма од корен судството, туку ќе биде и силен знак за тоа како ќе се водат постапките што ќе ги иницира Специјалното јавно обвинителство.

За најмалку тројца судии на Врховниот суд се истражувале „нарачките“ добиени по телефон во неколку предмети, откриваат за „Сведок“ извори од истрагата. Во прв план станува збор за кривични предмети, од познати корупциски предмети, но во Апелационите, Управните судови и во Врховниот суд, „жешката“ линија работела и за стопански или граѓански спорови каде што се вртеле милионски суми.

Истрагите кои се очекува да бидат обелоденети наскоро за судиите, по дифолт треба да значат и повторување на тие постапки, бидејќи на снимките јасно се слушале наредбодавците кои по телефон диктирале висина на казни.

Во објавените „бомби“ кои сега се во рацете на специјалните обвинители, јавноста можеше да го чуе разговорот на Сашо Мијалков со судијката на Вишиот Управен суд Светлана Костова како се договара провизија за опремата набавена од Израел, ветувањата на екс претседателката на скопска Апелација Филимена Маневска дадени кон Влатко Мијалков и Драган Павловиќ Латас за решавање на предмети, изборот и местенките во Основниот суд Скопје 1, со судиите Софија Лаличиќ, Лидија Тупенческа Петреска, Виолета Арнаудовска, како и отчетот на Александра Зафироска од Судскиот совет кај секретарката на премиерот за тоа каде се распишува оглас и кој треба да стане судија.

текстот во целост прочитате го ОВДЕ