Самопрогласениот „голем син“ на македонскиот народ, Груевски како ГОЛЕМА КУКАВИЦА бега, се крие, не бил и на средба со европратениците!

0
1214

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, веќе трет ден никаде го нема да се појави во јавноста. Како што јави Телма, неофицијално тој не бил ниту на средбата со европратениците која во овие моменти се одржува во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и не е познато кој од партијата е на средба со нив. Претходно на средби со нив беа останатите тројца лидери потписници на Договорот од Пржино – Заев, Ахмети и Тачи.

Груевски почна да се крие од медиуите и граѓаните од неделата, кога требаше да се појави на вонредната лидерска средба со амбасадорите на ЕУ и САД, Аиво Орав и Џес Бејли.

Сеуште никој од раководството на владеачката ВМРО-ДПМНЕ се уште официјално не го примил извештајот на ЕУ и САД со оценката дека не се исполнети условите за фер и регуларни избори на 24 април.