Сакале да ја претресат – па се соблекла гола пред цел аеродром

0
858
Една Британка планирала да оди во Барселона со авион, но ѝ побегнал авионот поради обезбедувањето кое не сакало да ја пушти. На крајот, од бес ја соблекла маицата за да покаже дека е безопасна.

Имено, Ејмар Ни Гиалгер тргнала во Шпанија за да има интервју за архитектонска работа и пристигнала на аеродромот 90 минути пред летот.

london1

Меѓутоа, како што објаснила, обезбедувањето на аеродромот ја сопрело откако го минала безбедносниот скенер, со оправдување дека “ја сметаат за многу опасна и можеби нешто крие”.

london2

Бидејќи не можела да ги убеди во спротивното, девојката на крајот се соблекла за да покаже дека нема ништо на своето тело. Но, полицијата веднаш ја уапсила, и како што тврди, притоа ѝ го скршила палецот.

london3

Потоа ја задржале во полициската станица дури 15 часа, а поради девијантното однесување морала да плати и казна од 80 фунти и дополнителни 70 фунти трошоци.

london5

Обвинителот Карен Филипс раскажал пред судот дека девојката одбила да биде претресена, дека била лута и вознемирена, по што го соблекла здолништето и останала во хулахопки.

“Граѓани во околината биле вознемирени кога се соблекла”, тврдел обвинителот.