СКАНДАЛ го тресе Св.Николе: Граѓани кои плаќале струја на здружение кое функционира како испостава на ДПМНЕ останаа без струја!

0
975

Во светиниколската населба Мавровица има 40 куќи, постојано живеат неколку семејства, има десетина фарми, а од петок населбата е без ниту еден киловат струја и во потполн мрак, пренесува Плусинфо.Ситуацијата со начинот на кој се снабдува оваа населба, е речиси апсурдна за држава во 21 век. Жителите, како што е и единствено можно, се приклучени на дистрибутивниот систем на ЕВН, но имаат позајмена трафостаница од водната заедница Брегалница и имаат едно заедничко броило, па за да се јават како еден потрошувач имаат формирано здружение на граѓани. Здружението не ја платило сметката за струја, а екипите на ЕВН го запечатиле броилото, со што и оние што плаќаат, и оние што не плаќаат струја, останале без неа. Во населбата, пак, нема трафостаница на ЕВН, а како што им било кажано, тоа е голема инвестиција во однос на потрошувачката на струја.

Повеќе детали за ситуацијата ОВДЕ