СКАНДАЛ: Режимот е посран до даска од обвинителката Фатиме Фетаи, и направиле лажен Фејсбук профил од кој наводно се заканува на обвинетите од „Титаник“

0
1381

6868797678

Непознати лица ѝ направиле лажен профил на Фејсбук на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи преку кој таа наводно испраќа заканувачки пораки за осомничените во „Титаник“, пишува Плусинфо.

Профилот се појави утрово и експресно се рашири преку провладините портали, кои нејзината порака ја оценија како закана и посочија на законот кој утврдува казна затвор.

„За јавна закана и јавно вршење притисок, малтретирање во вршење служба, казната затвор е од една до 5 години затвор по член 143 до Кривичниот законик. Ако на ова се додаде и незаконско влијание на сведоци, на Фатиме Фетаи и се заканува плус казна затвор од една до 3 години“, напиша порталот Медиа.мк.

Случајот е пријавен во полиција каде работат на блокирање на профилот и на откривање на тие што го креирале, како и причините зошто тоа е направено.

Министерството за внатрешни работи проверува кој го направил лажниот профил на обвинителката која е дел од тимот на Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи.

Министерството побарало социјалната мрежа, Фејсбук да го укине профилот, објави Макфакс.

И Специјалното јавно обвинителство на официјалната Фејбук страница во недела објави дека обвинителката нема свој профил на Фејсбук и дека сите профили и фан страници кои се појавија на социјалната мрежа се лажни.

„На социјалната мрежа facebook се појавија страни за поддршка на јавни обвинители од ова Јавно обвинителство и лажни профили, кои не се креирани од наша страна и не се под наша контрола. Во оваа насока Ве информираме дека исклучиво ставовите изнесени преку оваа страна се наши официјални ставови и се оградуваме од сите други ставови изнесени на лажните профили и страните за поддршка. Воедно Ве известуваме дека обвинителката Фатиме Фетаи нема свој профил“, соопштија од СЈО.