СДСМ ќе одржи Програмски конгрес на 13 декември

0
784

Централниот одбор на СДСМ вечерва едногласно донел одлука да се одржи Програмски конгрес на СДСМ.

Програмскиот конгрес на СДСМ ќе се одржи на 13 декември.

СДСМ соопшти дека Програмскиот конгрес ќе биде отворен за заинтересираните експерти и претставници на граѓанскиот сектор кои сакаат да дадат придонес во новата Програма за граѓаните и за Република Македонија.

СДСМ ја повикува стручната и граѓанската јавност да се вклучи во заокржувањето на новата Програма на СДСМ.

„Конгресот на СДСМ ќе усвои Програма што ќе биде преточена во Изборна програма на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и на граѓаните на Република Македонија. Со таа Програма СДСМ заедно со граѓаните ќе победи на 24 април 2016 година“, се наведува во соопштението.