СДСМ третпат со исто прашање: Ги повика ли „Курир“ меѓународните институции?

0
439

Медиумските курири пред неколку дена најавија дека ќе повикаат меѓународни институции за медиумите во Македонија. Веќе трет ден прашуваме, ги повика ли „Курир“ меѓународните институции? Што чека „Курир“?, порача СДСМ претпладнево.

Најголемата опозициска партија повторно прашува зошто уште не е наведено на овој портал кој е сопственик, како и кој работи во него.

„Зошто импресумот на интернет порталот „Курир“ се уште е јавно недостапен и зошто овој медиум се уште не го објавува? Граѓаните многу добро знаат кој е вистинскиот сопственик и кој стои зад сите нарачани вести на медиумските курири.

Македонија е најлошо рангирана по слобода на медиумите од сите земји во Европа и регионот на Западен Балкан, според Репортери без граници.
Катастрофалната состојба со слободата на медиумите е потврдена и во Извештајот на Европската комисија. Комисијата забележува уназадување на слободата на изразување во Македонија, нотира заплашување на новинарите и изразува сериозна загриженост за уредувачката политика кај некои медиуми.
Дел од условите коишто ги бара Комисијата се и регулацијата на медиумите, обезбедување и гарантирање на слободата на говор.
Повторно СДСМ апелира до „Курир“ што побрзо да ги повика меѓународните институции и организации за состојбата со медиумите во Македонија.
Граѓаните имаат право на слобода на избор, имаат право на слобода на мисла, на слобода на говор.

Доаѓа слободна и Европска Македонија. По 24-ти априли и победата на СДСМ, медиумите во Македонија ќе бидат слободни!“, гласи соопштението на СДСМ.