Saturday, December 14, 2024
2.8 C
Skopje

СДСМ: Федерализацијата на Груевски и огранокот Курир

„Никола Груевски е фатен во неговите валкани игри.

Груевски стои зад Конференцијата за анализа на Рамковниот договор.

Огранокот на ВМРО-ДПМНЕ, Курур, не може да му помогне на Груевски.

Договорот за Конференцијата за анализа на Рамковниот договор бил склучен помеѓу Владата и Европскиот институт за мир уште во јули, пред 4 месеци.

Во прилог е докуметот со архивски печат од Владата којшто јасно го потврдува тоа.

Зошто Груевски го криел ова од граѓаните на Македонија?

Дали целта на неодговорниот Никола Груевски му била деновите на неговото заминување да ги покрие со разгорување меѓуетнички тензии?

Или Никола Груевски крие уште нешто од граѓаните на Република Македонија?

Поделен е само Никола Груевски, помеѓу своите шарени лаги и реалноста.

Единствена Македонија му порачува на Никола Груевски: Доста е!

Збогум Никола!“, се вели во соопштението на СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

ПЕТРУШЕВСКИ : АРТАН ГРУБИ И СДС ПРАВЕЛЕ ПРИТИСОЦИ ВРЗ СУДСТВОТО. СЕ НОСЕЛЕ ОДЛУКИ ПО ДИКТАТ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Артан...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ