СДСМ: Тендерите и бизнис зделките на фамилијата поважни од здравјето на граѓаните

0
1103

„Никола Груевски, Никола Тодоров и ВМРО-ДПМНЕ се најголемите уништувачи на здравствениот систем во Македонија. За жал, цената за хаосот во здравството секојдневно ја плаќаат граѓаните.

Згаснуваат млади човечки животи поради криминално-тендерски политики а ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со 690 илјади евра за златни круни на оградата на Владата.

Безобразно и бездушно се фрлаат 690 илјади евра. За малата Тамара потребни беа 20 пати помалку пари за лекување.

Многу луѓе ќе добиеа шанса за соодветно лекување да не беше позлатената ограда околу владата платена со народни пари.

Според годишниот извештај на Фондот за здравство, во 2014 година средствата за лекување во странство се намалени за околу 20 милиони денари или 330 илјади евра.

Црните статистики покажуваат дека Македонија е на врвот по смртноста на новороденчињата во Европа, дури 14 на 1.000 живородено.

Граѓаните се гушат во нечист, загаден воздух полн со канцерогени честички.

Се потрошија 630 милиони евра за споменици, пари со коишто можеше да се создадат услови во сите болници ширум Македонија. Но, тендерите и бизнис зделките на фамилијата за ВМРО-ДПМНЕ беаповажни од здравјето на граѓаните.

Реалноста е поразителна.

Бројот на блокирани фирми и граѓани расте секој ден. Во 2015 година, бројот на блокирани граѓани се зголемил за 34.106 а кај фримите за 3.154.

Граѓаните, фирмите се потешко можат да работата, немаат пари да ги платат основните трошоци.

Над 180 илјади граѓани во Македонија живеат со по 40 денари на ден.

Над 500 илјади граѓани во Македонија живеат под прагот на сиромаштијата.

Кога СДСМ ќе ја преземе одговорноста, ќе го запре криминалот и корупцијата што беа основа за владеење на Никола Груевски, ќе ги врати парите кон граѓаните и ќе обезбеди сигурно финансирање на здравствениот систем и никогаш да не се повтори случајот со малата Тамара“, велат од СДСМ.