СДСМ Струмица го одржа традиционалниот новогодишен коктел

0
671

Општинската организација на СДСМ Струмица синоќа го одржа својот традиционален Новогодишен коктел. На коктелот беше присутен и претседателот на Социјадемократскиот Сојуз на Македонија Зоран Заев.

Новогодишните и божиќните празници со желби за подобра и поуспешна 2016 година на сите граѓани на Струмица и на Република Македонија им ги честиташе пратеникот во Собранието на Република Македонија и претседател на Општинската организација на СДСМ, Марјан Даскаловски.