СДСМ: Срамота е домашните фирми да добиваат помош од две евра годишно

0
460

Колку ли домашни фирми ќе работеа да не беа Груевски и Ставрески.  Домашните претпријатија во Македонија добиваат само по 2 евра годишно државна помош. По одлука на Груевски и Страврески, домашните претријатија во Македонија добиваат само по 120 денари ГОДИШНО државна помош!, порача СДСМ.

Најголемата опозициска партија вели дека тоа е вон секоја логика и да не се потрошеле 630 милиони евра за споменици, таа помош сега би можела да изнесува 9.000 евра за секоја фирма.

„Ако Груевски и Ставрески не потрошеа 630 милиони евра пари на граѓаните за споменици, секоја фирма во Македонија ќе добиеше по 9.000 евра државна помош, наместо две евра. Немаше 10.000 фирми да мораат да стават клуч на врата. Немаше секоја трета фирма во земјава, или 21.000 фирми, да се со блокирани сметки. Немаше и оние домашни фирми коишто работат, своите бизниси да ги селат во соседна Србија.

Никола Груевски и неговиот кум Зоран Ставрески одлучија да ги лажат граѓаните со виртуелни вработувања и виртуелни инвестиции за да можат да ги злоупотребуваат нивните пари во XXX суми. Колку домашни фирми ќе работеа, да не беа Груевски и Ставрески?!“, прашува СДСМ.

Партијата порачува дека ќе ја зголеми за 100 пати државната помош за домашните претпријатија, и ќе се  фокусира на развој на домашните фирми кои ќе отворат нови и реални работни места.

„По 24 април Македонија ќе биде стабилна и економски просперитетна земја. Граѓаните имаат идеја за Груевски: Збогум Никола!“, порачува СДСМ.