Saturday, May 24, 2025
12.8 C
Skopje

СДСМ: Смртноста на новороденчињата во Македонија е ФРАПАНТНИ 14.4 проценти, а Груевски продолжува да го штити Тодоров

„Во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња од пресекот на земјите од Балканот и ЕУ. Смртноста на новороденчињата во Македонија е 14.4 проценти!

Во општините во Македонија каде што недостигаат гинеколози, Берово, Гевгелија, Дојран… умираат до неверојатни 30 проценти од новородените бебиња!

Овие фрапирачи податоци призлегуваат од научната демографска студија за зголемената смтрност на новороденчиња во Македонија, објавена деновиве.

Никола Тодоров досега не понесе одговорност за ниеден скандал во здравството што се случува за неговото министерување.

Мајки и бебиња умираат на породување. 229 новороденчиња умреле за една година според податоци на Евростат. Се пука во лекари.

Незадоволни пациенти и незадоволни лекари ја земаат правдата во свои раце што ги доведува во ризик нивните животи. Болниците се руина. Скапо набавената опрема од страна на власта или не работи или стои во кутии.

Никола Тодоров го интересираат само тендери, а Никола Груевски го поддржува.

Никола Тодоров и Никола Груевски напразно бараат брза помош за спас. И по фрапантните податоци за смртност на бебиња, Груевски го штити Тодоров.

Тодоров мора да даде оставка веднаш. Тодоров и Груевски ќе одговараат за секоја жртва на системот во здравството“, се вели во соопштението на СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ