СДСМ: Роуд шоу на Груевски во историјата

0
417

СДСМ гласаше против Буџетот за 2016 година и заедно со граѓаните нема да им дозволи на Никола Груевски и неговото друштво да ги злоупотребат парите на граѓаните.

Власта на Груевски изгласа Буџет за нови долгови на граѓаните на Република Македонија со намера да ги искористи парите на граѓаните во предизборни цели.

Мнозинството на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на полноќ го донесе историски најголемот Буџет досега од неверојатни 3,2 милијарди евра!

Заклучно со 2015 година Никола Груевски и Зоран Ставрески успеаја да го зголемат јавниот долг на Македонија за неверојатни една милилијарда евра.

Премиерот во заминување Груевски и неговото друштво предвиделе 5 ипол милиони евра само за нови роуд шоу авантури, додека:

-Република Македонија и натаму е последно место во регионот по привлекување странски инвестиции

-Луѓето во Македонија купуваат леб и млеко со кредитна картичка

-180.000 граѓани живеат со по 40 денари на ден

-Примателите на социјална помош живеат со по 22 денара на ден

-500.000 луѓе живеат на работ на сиромаштија

-626.312 луѓе досега ја напуштија земјата

Граѓаните велат доста е. СДСМ со граѓаните ги прави промените во Македонија кои се незапирлив процес. Обидот на Груевски е безуспешен. Груевски нека се подготвува, но за неговото роуд шоу во историјата, велат од СДСМ.