Saturday, May 24, 2025
13.8 C
Skopje

СДСМ: После сите скандали Караџоски да поднесе оставка

„Со кое лице директорот на ЈП Македонски Шуми Жарко Караџоски излегува во јавност и говори за огревното дрво за наредната 2016-та година?

Покрај сите скандали на ЈП Македонски Шуми, Жарко Караџоски најмалку што треба да стори е да си поднесе оставка.

Доцна е Караџоски да им објаснува на граѓаните колку се грижи за нив.

Вистината е поинаква. Вистината е дека многу семејства останаа без огревно дрво оваа зима.

Во пресрет на зимата, граѓаните од поголем број градови во Македонија сеуште не можат да дојдат до дрва за огрев и покрај навремената упата, па беа оставени да се снаоѓаат како знаат и умеат.

Граѓаните беа приморани да плаќаат и до 4.000 денари за еден метар кубен огревно дрво од приватни добавувачи што е далеку повисока цена од цената на чинење во Јавното претпријатие, затоа што ЈП Македонски Шуми не им даваше дрва за огрев.

Директорот на ЈП Македонски Шуми, Жарко Караџоски треба да одговори зошто дозволи бесправната сеча на територијата на цела Македонија?

Зошто на граѓаните не им се доставуваат веќе платените дрва?

Дали Јавното претпријатие Македонски шуми штити бизнис интерси на приватни компании блиски до власта кои профитираат од недостатокот на дрво?

Затоа ли Груевски дозволи извоз на дрва во Грција? За бизнис интересите на фамилијата?

На валканите политики на Никола Груевски и на ВМРО-ДПМНЕ граѓаните имаат заедничка идеја: Збогум Никола“, велат од СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

В СРЕДА ЌЕ СЕ ГЛАСА ЗА ПРЕДЛОГОТ СЛАВЕСКИ ДА БИДЕ НОВ ГУВЕРНЕР

Собранието за среда, 28 мај, ја закажа седницата на...

ТАРАВАРИ: ВРАТАТА ЗА ТИЕ ШТО ЗАМИНАА ЗАСЕКОГАШ Е ЗАТВОРЕНА, ТИЕ СЕКОГАШ БЕА САТЕЛИТИ

Лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, изјави дека...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ