Thursday, April 17, 2025
17.8 C
Skopje

СДСМ: Ниту една нарачана анкeта не може да го спаси Груевски

„Огромната, растечка поддршка на граѓаните за СДСМ и за лидерот Зоран Заев предизвикува голема нервоза и панични реакции кај Никола Груевски.

Како што се намалува поддршката од граѓаните за Никола Груевски така му се потребни се поголеми нарачани бројки во анкетите.

Ниту анкета од 102% нема да го спаси Никола Груевски од пораз и одговорност за целокупниот криминал и корупција во изминатите 10 години. Груевски не може да го промени јавното мислење и перцепцијата на граѓаните со нарачани и нереални анкети.

Граѓаните знаат какво е нивното мислење, а тоа е збогум на криминалот и корупцијата на фамилијата, на братучедот Мијалков и кумот Ставрески, збогум на лошата економска, социјална, образовна и здравствена политика, збогум на иселувањето на младите и осиромашувањето на граѓаните.

Никола Груевски ќе ја види вистинската анкета на 24-ти април кога ќе победи слободна и напредна Македонија“, се вели во соопштението на СДСМ.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ