СДСМ: Нема реагенси за крвна слика, а власта ќе седи на мебел во боја на кралско вино

0
1187

Луксузите на власта на ВМРО-ДПМНЕ преминаа од барок во рококо, додека бедата на граѓаните ги преминува границите на издржливото, а тие заминуваат од границите на Македонија.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Емил Димитриев според последните најави ќе седат во Владата на мебел во рококо стил од времето на Луј XV, со перници со специјална мемори пена и пердуви, со маси во боја на кралско вино, на рачно изработени теписи платени со пари од граѓаните.

Ова се случува додека граѓаните во Прилеп не можат да проверат крвна слика бидејки во прилепската болница нема реагенси.

Во болницата во Штип нема тумор маркери за дојка, матка и дебело црево.

Намален е буџетот на Онкологија лани за цели 1.6 милиони евра. Цела година пациентите беа оставени без потребните цитостатици.

Од 26 антиепилептични лекови што се користат во светот, во Македонија има само 11. На 20.000 лица мака мачат да се снајдат со соодветни лекарства чија терапија во просек чини по 2.000 денари.

Има проблеми и со набавките на неопходни лекови за деца, на Клиниката за детски болести. Пациенти соопштуваат дека набавките ги кочи економскиот директор.

Тодоров најави дека бремените жени ќе добиваат бесплатни микробилошки услуги, но праксата покажува дека ниту една жена од социјално загрозените семејства од Шуто Оризари не ја искористила мерката, бидејки нема соработка меѓу социјалните служби и здравството.

Власта на ВМРО-ДПМНЕ се префрли од Никола на Емил и од 17 во 18 век.
Но, во 21 век во Македонија деца умираат од срушени тавани во трошните куќи на сиромашните семејства.
Луѓе умираат од глад.
Над 180.000 граѓани преживуваат на вода со по 40 денари на ден.
Над 500.000 граѓани живеат во сиромаштија.
626.312 илјади граѓани заминале од Македонија по егзистенција.

Времето на Груевски заврши. Забршува и времето на ВМРО-ДПМНЕ.
Сите кои учествуваат во злоделата врз граѓаните ќе одговараат“, стои во соопштението на СДСМ.