СДСМ: Местоположбата на градовите е проблем за Груевски

0
1254

„На Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сега местоположбата на градовите им е виновна за загадениот воздух.

Скопје, Тетово, Битола, Кавадарци, сите ли градови имаат лоша местоположба според ВМРО-ДПМНЕ?

Очајни се во ВМРО-ДПМНЕ и веќе не знааат што зборуваат. Што е следно, местоположбата на планетата земја ли ќе им биде виновна за нивните лоши политики?

Нивниот Никола Груевски потроши 630 милиони евра за споменици во Скопје а сега местоположбата им е виновна за тоа што 10 години мислеа на своите бизниси наместо на здравјето на граѓаните

Која местоположба е во ред за ВМРО-ДПМНЕ? Водно? Затоа ли Никола Груевски бараше парцели на Водно, менуваше ДУП па ГУП, бараше фирми од Белизе да ги купат?

На 24 април доаѓа пролетно чистење на валканите политики на Никола Груевски“, велат од СДСМ.