СДСМ: Македонија е единствена земја во светот кадешто премиер потрошил 630 милиони евра за споменици а не изградил ниту еден автопат

0
458

„Македонија е единствена земја во светот кадешто премиер потрошил 630 милиони евра за споменици а не изградил ниту еден автопат.

Дури и постојните автопатски делници се запуштени. Делницата Велес-Градско е како да се вози по тобоган. Толку го интересираат патиштата Никола Груевски што забавно му е да има и тобоган.

Македонија е единствена земја во светот кадешто премиер потрошил 630 милиони евра за споменици а не изградил ниту еден студетски дом.

Македонија е единствена земја во светот кадешто премиер, потрошил 630 милиони евра за споменици а не изградил ниту една нова железничка пруга.

Македонија е единствената земја во светот кадешто премиер потрошил 630 милиони евра за споменици а постојано ги задолжува граѓаните со нови и нови долгови.

Недомаќинските и расипнички политики на Никола Груевски им одземаа 10 години живот на граѓаните. Груевски на 2 месеци пред заминување сака да им ги натовари неговите долгови на грбот на идните генерации.

Задолжувањето на Македонија веќе надминува 50% од БДП што е катастрофален показател. Дури и Европската комисија изрази загриженост за растот на долгот.

Груевски ги задолжува граѓаните затоа што знае дека после 24-ти април СДСМ ќе ја предводи владата на европска Македонија“, велат од СДСМ.