СДСМ: „Курир“ ја покажува нервозата во ВМРО-ДПМНЕ

0
462

Kurir-19.11.2015-685x320

„Нема поголема потврда за тоа дека „Курир“ е партиска испостава на штабот на ВМРО-ДПМНЕ од секојдневните реакции на соопштенијата и прес конфернциите на СДСМ, коишто ги штанца во името на Никола Груевски.

„Курир“ ја покажува целокупната нервоза во ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните знаат кој врши постојан притисок и врз медиумите и врз деловните субјекти во Република Македонија, тоа се Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ.

Јавноста дозна од проектот Вистината за Македонија како лично Груевски нарачува вести на провладините медиуми, како одредува дури и насловни страни во весниците под негова контрола.

Граѓаните слушнаа како Никола Груевски врши притисок и диригира рушење на деловниот објект Космос, инвестиција вредна 30 милиони евра.

„Му тече низ панталони“, „со динамит тоа, да не го тупиме“ се зборовите на Никола Груевски.

Јавноста слушна за нарачинте инспекции на УЈП, казните од илјадници евра и затворањето на фирмите низ Македонија по налог на ВМРО-ДПМНЕ.

„Пиштење и вриштење“ се зборовите со кои Миле Јанакиевски од ВМРО-ДПМНЕ се ситеше на сите затоврени и казнети фирми.

Медиумските курири не можат да ја сокријат нервозата од дебаклот на политиките на Никола Груевски.

Граѓаните имаат идеја: збогум Никола!“, велат од СДСМ.