СДСМ: Каде е фабриката за печурки на Груевски, „инвестицијата“ од Холандија?

0
619

lopata_svnikole-1

„На 1 февруари 2014 година Никола Груевски фрлаше лопати за камен-темелник на фабрика за печурки во близина на Свети Николе.

Груевски виртуелно најавуваше 450 нови работни места, холандска инвестиција и почеток на производство на печурки од септември 2014 година.

Денеска, речиси 2 години потоа, освен камен-темелник нова фабрика за печурки во Свети Никола нема!

Во виртуелните инвестиции на Никола Груевски не можат да виреат ниту печурки.

Неотворената фабрика за печурки во Свети Николе е уште една потврда за виртуелните инвестиции со коишто Никола Груевски се расфрла пред избори.

Граѓаните знаат дека Груевски излажа и за италијанската Орланди, турски Шишеџам, Хајер и Тривју, индиската Мадерсон, француската Монтипе, израелската Газит Глоуб, Еуро Италија, Искра Словенија, Биротекник Отомотив, Грудхост од Данска…

Во реалноста ниту има инвестиции ниту има нови работни места. Коруцпијата во изминатиот период односе многу работи места и избрка многу инвеститори.

Единствени реални инвестиции на Груевски се парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра, очилата од 60 илјади долари, провизиите, тендерите за споменици тешки 630 милиони евра..

По изборите на 24-ти април, по победата на СДСМ Македонија ќе и каже збогум на корупцијата и ќе се отвори патот за вистински инвестиции и вистински нови работни места“, се вели во соопштението на СДСМ.